Делегација од Република Албанија, предводена од претседателката на Националната асоцијација на жени во бизнисот и Албанската мрежа за претприемништво Флутура Џабија, заедно со нивните домаќини од Организација на жени од Битола и претседателката Светлана Петковска, остварија работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
На средбата, домаќините и гостите ја презентираа идејата за нивната натамошна соработка, која ќе опфаќа вмрежување на двете организации, но побараа вклучување во заеднички бизнис идеи и проекти и на Општина Битола со Општина Поградец во Република Албанија.






