Press "Enter" to skip to content

Младиот Христо Николов, член на тимот од ПСУ “Јахја Кемал“ освои две сребрени медали на “World Scholar’s Cup“ во Хаг, Холандија (фотогалерија)

На  World Scholar’s Cup во Хаг тимот од ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје, со менторот, Никола Гелинчески професор по англиски јазик и  учениците Христо Николов, Михаела Занева и Борис Ночески  учествуваше и освои два сребрени медали во дициплината „Дебата меѓу тимови“ (Team Debate), од кои едната поединечно  ја освои  Христо Николов, од Битола, на тема „Маргинализиран свет и маргинализирани општества“.Светскиот форум во Хаг од 21-26 Јули беше седиште на World Scholar’s Cup  (the Global Round at the Hague) – 2019. Повеќе од 2500 средношколци учесници и натпреварувачи од над 50 земји од светот зедоа учество и се натпреваруваа во повеќе дисциплини од области на општествени науки. Предизвивци им беа:  пишување есеи, натпревар во знаење, пишување говори  и говорништво, панел дискусии, дебата меѓу тимови, сето тоа  на  зададени теми од литература, социологија, светска историја… Од тука  произлегуваат успешни  идни правници, адвокати, социолози, политиколози, дипломати, светски аналитичари…Успешните учесници натпреварувачи на World Scholar’s Cup  имаат можност да добијат покана да учествуваат на Годишниот турнир на шампиони на Универзитетот во Јеил (Annual Tournment of Champions at Yale University) и со тоа многу можности за студирање на овој престижен Универзитет.

За деновите поминати на “World Scholar’s Cup“ и она што се случуваше во светскиот форум поразговаравме со  Христо Николов, кој среќен и возбуден се врати со два медали од Хаг, Холандија.-Нашиот тим на  регионалниот натпревар (прелиминарен) кој се одржа во Скопје  освои прво место и со тоа се пласиравме  на “World Scholar’s Cup“ (the Global Round at the Hague) – 2019. Имавме голем предизвик да се натпреваруваме со тимови од цел свет на различни теми во повеќе дисциплини од области на  општествени науки. Тоа беа големи предизвици на пишување есеи на зададени теми, пишување и читање на говори, панел дискусии, дебатирање.  Дисциплина “дебата на тимови“ (Team debate) во која секој тим дебатира 3 пати (три рунди) на различни  теми кои се од разслична област (од осигурување до поезија). Секој член од тимот зборува по 4 минути. Најпрво откако се задава темата се задава  15 минути време кога може да се истражува за темата  на Интернет. Тоа време треба добро да се искористи за да се пронајдат добри аргументи за дебатата. Нашиот тим освои сребрен медал, а за освоениот медал, Христо, додава:-Јас поединечно освоив медал за дебатирање на тема „Маргинализиран свет и маргинализирани општества“. Познавањето на повеќе области е многу значајно,  се разбира англискиот јазик треба да е префектен, мора флуентно да се зборува со  богат вокабулар за да се одбрани тезата и аргументите за темата. Тука би го споменал  нашиот ментор професорот по англиски јазик Никола Гелинчевски кој секако е најзаслужен за нашиот успех. Исто така во оваа прилика  би сакал да споменам некои од моите наставници кои во текот на моето школување  ме насочија правилно. Најпрво правилна добра  основа  на англискиот  јазик го добив во Центарот за англиски јазик „Розета Стоун“ и наставник Дијана Монтеро каде посетуваав курсеви од многу мала возраст. Сериозен пристап кон учење, читање книги, да размислувам со своја глава и бранам сопствени ставови врз основа на аргументи и дискусии, заслужна мојата учителка од основно образование Валентина Малковска, потоа наставникот Ѓорѓи Јуруков по историја кој придонесе да развијам интерес за учење и истражување на светска историја и наставничката по англиски јазик Розета Илиевска  во ОУ “Кирил и Методиј“. Со продолжување на моето школување во ПСУ „Јахја Кемал“ моите професори ме мотивираат и поттикнуваат да истражувам, учам, и учествувам во  многу  проектни активности и натпревари.Низ разговорот Христо ни кажа дека наградите се поттик и  мотивација за понатаму уште повеќе да учи, чита, надоградува. Тимот средношколци од ПСУ „ Јахја Кемал“  многу успешно ја претстави нашата земја како натпреварувачки, така и на саемот Scholar fair на World Scholar’s Cup  на кој ги претстави обележјата и карактеристиките на нашата земја. Посакуваме  и  понатамошни успеси, а со тоа и да  добијат покана да учествуваат на Турнирот на шампиони на престижниот Универтзитет  Јеил( Annual Tournment of Champions at Yale University).

­Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »