Press "Enter" to skip to content

Ди-џеј Рикардо: диџејсвото ми овозможи да стекнам многу вистински пријателства, а богат е човек кој има многу пријатели

Автор: Жанета Ристевска

Името ди-џеј Рикардо Хернадез е бренд за добри настапи и журки во Битола и пошироко. Тој  со свои 26 години, следната година ќе слави јубилеј од 10 години од својот прв настап. На 17 години од својата прва заработка купува миксета и започнува со настапи како ДЏ. Прв настап на 17 години во кафе бар “Портал“ и три години резидент ди-џеј во истиот, со настапи секоја вечер. Потоа и резидент ди-џеј во “Расчекор“. На свои 20 години веќе има договор со менаџер, и настапи низ цела Македонија. Настапувал  4 пати како ди-џеј на  “Бела ноќ“ во Битола, а 5 пати “White sensation beach festival “. Работа во радио 106 и има издаено соспвено це-де со “Best of Ricardo“ во 500 примероци…Овој разговор ми беше посебен. Мојот соговорник со својата вереница Лили, штотуку верени…  Двајцата вљубени  во најубав период од својот живот. За два часа колку што и ни траеше разговорот зборувавме за музика, настапи, ноќен живот и забава во Битола,  за љубовта, запросувањето на неговата девојка.  Ме воодушеви неговата изјава:

-Кратко бевме заедно со мојата сегашна вереница  Лили но  уште од почетокот, бев сигурен и  знаев дека таа е таа… вистинската во мојот живот“.

Млад човек кој знае што сака во животот потпирајќи се на вистински вредности. Понатаму низ разговорот повеќе пати кажа и ми нагласи да го ставам како негово мото “диџејсвото ми пружи можност да стекнам многу вистински пријателства.

-Можам слободно да кажам дека  имам многу другари, пријатели и познанаства во Битола, но и низ цела држава каде сум настапувал. Со моите настапи многу доживувања, но пријателства доживотни. Во секое време можам да побарам помош да се потпрам на многу пријатели. Во повеќе од градовите каде настапував посебно Гевгелија, Струмица но и во други градови можам да престојувам, спијам…, вели ди-џеј Рикардо.Млад човек кој  ги цени вистинските вредности во животот љубов, пријателство, почитување.  Јас би додала дека богат е оној човек кој има многу пријатели. Можеби и заради тоа воопшто не ја спомена материјалната страна- парите низ цел разговор. А морам да признаам тоа во ова современо  време на живеење е  ретко. Тоа е нашиот  ди-џеј Рикардо, како што напишав на почетокот бренд за добри настапи, журки и забави  во Битола, но и пошироко.

Многу те познаваат и ословуваат како Рикардо, а не со твоето вистинско име Христијан. Најпрво за името ди-џеј Рикардо  име препознатливо и карактеристично како бренд за добра забава и журка…

-Во време кога ФБ стана попоуларен и сите отваравме свои  профили, јас бев тинејџер и интересно беше да имаш препознатлив профил со интересно име. Со моите другари правевме шеги и на тој начин сакавме да ставиме на профилот интересно име. Во тој период се разбира сакав фудбал и имав свои идоли. Тие беа Рикардо Кака и Хавиер Хернандез. Со комбинација го добив Рикардо Хернандез и мојот профил под  тоа име. Од Христијан станав Рикардо. Со настапите ди-џеј Рикардо. Односно кога започнав на почетокот на  мои настапи бев ди-џеј Риско, но ди-џеј Рикардо звучеше поинтересно и појако, па така тоа име ми стана препознатливо понатаму кога почнав посериозно да настапувам. Дури и во секојдневниот живот ме ословуваат со Рикардо или  Рики, а не со Христијан. Заради  името често на настапите ме мислеле дека сум ди-џеј од странство, малку и заради мојот изглед сметале дека сум од Шпанија  и ми зборувале англиски, шпански кога барале автограм или се сликале со мене.  Низ сите мои настапи насекаде имало многу различни случувања повразни со моето име. Можеби тоа  има влијание за да ме препознаваат и мојот успех.За љубовта кон музиката… проткаена низ твојот живот.

-Од многу мала возраст слушам музика и “заразен сум со неа“ на  почетокот слушав рок музика и “Queen“, “AC/DC“… а ја слушав со мојот татко Димче, кој беше рокер во душата и се дружеше со рокери по дискотеки и слушаше само таква музика. Јас цело време од 7-8 годишна возраст многу ги слушав рок и можаби чувството за ритам го стекнав со тоа. Чувството за ритам и темпо многу е важно при миксањето и правање на добра музика. Кога бев средношколец најповеќе замав зеде хип хоп и рап музиката. Во тој период во моето мало имаше еден бенд “Razor Unit“ кој свиреа хип хоп и рап музика и одев на сите нивни настапи и “снимања“ во малскот студио кои ги правеа. Музиката ми беше многу значајна цел тој период на растење. Заради тоа кога еден мој пријател кој работеше во Америка кога  се враќаше ме праша што да ми донесе. Јас без мислење му нарачав миксета за која  му дадов дел пари кои ги заработив како шанкер во “Премиер“. Другиот дел беше од него и многу му сум благодарен. Тогаш имав 17 години и бев пресреќен и веднаш почнав да “миксам“, правам некои комбинации музика. Тоа ми беше тогаш се. Во тој период еден мој пријател стана менаџер на кафе бар “Портал“ и ми понуди  настап како проба како ќе биде  една вечер како ди-џеј. Мојот прв настап беше добар и се направи многу добра журка. Со што сосптвеникот, Сашо Шамбевски – Шамбата со доверба кон мене иако многу млад, ми понуди постојани настапи секоја вечер како ди-џеј. Така спонтано  станав “резидент ди-џеј“ во двете кафулиња на “Портал“ 1 и 2“ на Широк Сокак и во Нова Битола. Голема респект и благодарност за Шамбата што ми даде можност да се докажам и веруваше во мене.Така започна мојата кариера. Првите настапи ми беа под името ди-џеј Риско, подоцна со поголемиот број добри настапи, откако се слушна за мене добив понуда и од ноќниот бар „Расчекор“ каде настапував за викендите. Во тој период имав настапи секој ден на свои 17 години односно не бев полнолетен.  Во тој период станав, ди-џеј Рикардо, кое звучеше подобро, и под тоа име станав препознатлив низ забавите и журките во “Портал“ и “Расчекор“. Потоа 2015 година со настап на “Dream life festival “ во Битола каде имаше диџеи од целиот регион на  Балканот,  ме забележа менаџерот Јане Јанев од Скопје и тогаш склучив договр на 4 години и обезбедени настапи низ дискотеки во државата. Морам да кажам дека покрај многу други Сашо Шамбовски и Јане Јанев се најзслужни за ова што го имам постигнато. Во тој период добивам покана за работа и во радио 106 каде и сега работам, и би го споменал Милан Ризвановиќ за довербата која ми ја даде во 2015 година од кога сум во радиото, токму истиот период кога го направив договорот со Јане.Настап кој ти оставил најголем впечаток …

Се разбира за мене најзначаен е мојот прв настап во кафе бар “Портал“ каде и започнав, но, настап број еден кој ми оставил најголем впечаток роденденот на дискотеката “De Facto“ во Гевгелија, тоа беше најдобра журка. Тука би кажал и за многу други настапи во кариерата низ кои сум доживел многу доживувања, познанства, пријателства за кои планирам да пишувам во книга. Најповеќе го помнам како настап за кој најповеќе се подготвував и имав најголем атрема мојот првиот настап на “Белата ноќ“ кој  беше најстресен за мене и имав најголема трема.

“Белата ноќ “во Битола  твоите настапи  и чувство пред полн Широк Сокак во бело…

-Оваа година ќе ми биде 5 по ред “Бела ноќ“, а за првиот настап откако ми кажаа се подготвував 5 месеци пред тоа за да направам добри миксови. На настапот дојдов пред неколку часа и со многу трема, буквално ми се тресеа рацете кога пуштав музика, знаев дека ако се покажам во најдобро светло на тој настан, ќе ми биде отворен патот за понатаму. Се беше супер и организаторите на “Бела ноќ“ за Битола Жарко Нацевски и Бобо Груевски ја продожија соработката со мене и понатаму. Од тогаш многу настрапи на   Бела ноќ.  Имав настап загревање за журка пред  Tom Boxer & Morena, а со Sonick настапив во главниот дел имав 2 часа во ударен термин од 12-02 часот, и најдобар дел од журката. Минатата година добив настап на двете вечери и доживувањата од настапите на “Бела ноќ“ во Битола се единсттвени. Чувство кое не може да се опише со зборови. Атмосфера кога  гледаш сите играат и кренати раце на народ низ цел Широк Сокак во бело.Искрено за љубовта со Лили и  запросувањето…

-Мојата сегашна вереница Лили ја познавав од средно економско училиште, но не се знаевме, не зборувавме. Таа еден период замина и живееше во Америка. На ФБ стапивме во конатакт и си пишуваваме. За кратко време јас знаев дека таа е таа.. за мене. Знаев дека ќе ми биде жена, бидејќи за се имаме многу слични мислења и ставови. Кога се врати во Битола бевме заедно  кратко време, но јас бев решен да ја побарам и купив прстен за кој знаеше само еден мој пријател. Тајно организирав се со пријателот и келнерите  во ресторан “Шатор“ каде  Лили со пријателка отидоа на ручек, а јас божем не доаѓам.  Прстенот во чинијата со јадеше во фолија го носат пред неа, и изненадена го отвара, а јас се појавувам и на коленици пред неа… ја барам за жена.  Запросувањето за неа беше  изненадување и остана без глас кога ми одговараше, па мораше да го повторам прашањето. Сега сме заедно и овој е еден нов преубав среќен период од мојот живот. Таа доаѓа со мене на настапите кои ги имав овој период насекаде. Овој  летниот период  е турбо, како и секогаш. Сите овие години ми беа напорни со многу настапи преку недела, викенди и работа во “Радио 106“ каде имам ангажман. Сега мои планови се да започнам друг период во мојот живот, без многу настапи. Да живем посмирено и да уживам во љубовте. Планирам да ги сведам настапите на помалку и  да се занимавам со откривање на нови млади диџеи и нивно насочување, помагање, нивно менаџирање и  закажување на настапи. Многу планови за иднина.Идни планови…

-После издавањето на првото мое це-де “Best of Rikardo“ со најдобри миксови и околу 5 часа музика кои се слушаат по кафулиња, бутици, кладилници низ Битола и пошироко, сакам  да издадам и друго це-де од ди-џеј Рикардо. Потоа во план за 10 години од мојот прв настап, за мојот јубилеј да организирам  голема целодневна журка во кафе бар “Портал 1“ на Широк Сокак каде настапив за прв пат на 17 години. На журката ќе настапат многу ди-џеј од Битола и пошироко. Сигурно ќе има и други гости пејачи кои ќе бидат изненадуавање.  Во текот на мојата кариера и настапи за 10 години стекнав огромен број на познанства и пријателства со многу пејачи. Тука би споменал и желба ми и е да напишам и објавам книга за сите доживувањата кои ги имав низ настапите, патувањата насекаде. Има  и позитивни и негативни искуства кои сакам да ги споделам, но книгата ќе биде во мал број примероци за најблиски и одбележување на јубилејот. Секако пријателствата кои ми ги пружи диџејството ми се најзначајни.Неколку пати низ разговорот, нагласуваше и јасно ми кажа да напишам дека со диџејството стекнал пријатели и другари и тоа е највредното нешто. Со тоа и мојот соговорник ја открил вистинската  смислата на животот,  дека богатството е во љубовта, почитувањето на другите, и многу пријатели кои ќе се со тебе  и во добро и лошо. Како што го започнав и ова интервју големо задоволство ми беше да разговарам со овој млад човек кој успеал да ги сфати вистинските вредности на животот. Заради тоа и ја насочувал правилно својата кариера која како и многуте пријатели го направиле богат човек во душата. Можеби и заради тоа и постигнал толку успеси досега и на свои 26 години името  ди-џеј Рикардо  стане бренд во диџејството во Битола и пошироко.

Фото: Сашо Ристевски, ентериер: хотел “Епинал“

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »