Press "Enter" to skip to content

По прифаќањето на донацијата, ГП “Пелистер“ започна со реконструкција на спортската сала (фото)

По прифаќањето на понудената донација од ГП “Пелистер“ од страна на Советот на општина Битола на последната седница, која се одржа на 1 август, започна реконтрукцијата на дел од спортската сала “Боро Чурлевски“.Спонзорот на донацијата ГП “Пелистер“ веќе ги испрати екипите на терен, а денес работат на санација на саниратниот јазол под јужната трибина.Според она што ни го кажаат работниците и според она што се гледа на фотографиите кои ги направивме, овој санитарен јазол е во страшна состојба, а не фунционирало ништо. Се поставува нова канализациона мрежа и вода, а потоа ќе се дотерува.Оваа реконтрукција е неопходна поради играњето на Еурофарм Работник во СЕХА лигата и Лигата на шампиони, каде критериумите се строги.Првата ЕХФ инспекција дојде пред дваесетина дена, а до каде се стигнати поправки, ЕХФ ќе утврдува на 13 август, а покрај ова треба да се подобри и осветлувањето.

С.Р.