Press "Enter" to skip to content

Нова книга на Димче Миновски, “Ракометот во Битола“ – втор дел

Деновиве од печат треба да излесе најновата книга на новинарот и публицист Димче Миновски, “Ракометот во Битола“, втор дел.

Книгата која до крајот на седмицата авторот ќе ја има со своите раце, е продолжение на првиот дел, а го обработува периодот од 1971 до 1992 година, на околу 300 страници.

-Книгата го обработува, според многумина, најдобриот период за ракометот во Битола, односно настапите на Пелистер, во најсилната прва лига на поранешната држава Југославија. Има многи податоци, фотографии, кажувања, но да оставиме повеќе за книгата да зборуваме на нејзината промовија.

Рецензенти на книгата “Ракометот во Битола“ се Алекдандар Литовски и Сашо Ристевски.