Деновиве, во рамките на втората етапа од чистењето на реката Драгор, се работи на расчистување во делот од “Железничкиот мост“ до “Мојсов мост“.
Екипите на КЈП “Нискоградба“, со помош на ровокопач и камион, ги отстрануваат наносите, ѓубрето и обраснатите делови на овој потег.
Претходно во првата етапа, вработените во ова јавно претпријатие ги отсрануваа обраснатите делови со трева и растенија во реката Драгор и ѓубрето на потегот од кружниот тек кај “Црн мост“ до “Железничкиот мост“.
По реализацијата на втората фаза, следува и трета фаза во која машина гусеничар ќе го планира дното на реката Драгор.
Вкупната сума која Општина Битола ја издвои за годинешното чистење на реката Драгор изнесува 3.000.000 денари.