Press "Enter" to skip to content

Фото вест: скали и пристап по мерка за пензионерите во “пензионерското“

Деновиве заврши реконтрукцијата на скалите и простапот за влез во просториите каде се сместени канцелариите на пензионерите, наспроти ОУ “Св. Кирил и Методиј“, во кулата. Сега покрај средените скали има и рампа инвалидизирани лица.

-Сега имаме скали и рампа онака како ни треба, “сложни“ за качување и убави. Досега скалите беа високи и стрмни, а по нив имаше и дупки. Скалите се правени по наша мерка, за годините, пензионерски, ни рече во смеа еден пензионер, кој беше таму.