Битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ во текот на сите години на своето постоење и посебна посветеност кон пациентите се вбројува во една од докажано најдобрите во Битола, регионот и пошироко.
Овој свој успех го должи на посветеното и пожртвувано работење на целиот медицински персонал и тоа тим на врвни доктори, специјалисти во посебни области, потоа високо квалитетен и обучен медицински персонал по светски стандарди.
Целиот тим постојано се надоградува посетувајќи најразлични обуки, едукации и доедукации во своите области покрај редовните специјализации. Исто така тука се научните конференции, конгреси и семинари. Болницата “Плодност“ располага со најсовремена медицинска технологија која и постојано ја надоградува и набавува.
Битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ посебно се истакнува со својот најсовремено опремен Центар за ИВФ и асистирана хумана репродукција кој во во своето работење ги применува најсовремените светски методи. ИВФ тим кој работи тука Вашиот сон го претвора во реалност.
Во ИВФ центарот на болницата “Плодност“се воведуваат и нови анализи како дополнителен дијагностички параметар во лечeњето на инфертилитетот.
Секако еден од најважните параметри за успешно работење беспрекорната хигиена и услови за рзбота на високо ниво по светски стандарди.
Посебен однос и посветеност кон секој пациент.
Докажано најдобра, болница „Плодност“!






