Press "Enter" to skip to content

Концерт на “Нокаут“ во СН Сообраќајниот центар

Туристичката  агенција ЈК Травел со задоволство Ви го најавува  големиот  концерт на популарната македонска група „Нокаут“ во Битола.

Овој музички спектакл ќе се  одржи на 17.08.2019 година (недела) во СН Сообраќајниот центар со почеток во 20 часот.

Покрај големите хитови на  групата „Нокаут“, публиката исто така  ќе има можност да ужива  и во музиката на единствениот Игор  Џамбазов, а  дел од  овој концерт ќе биде  и битолската група „Фолтин“.

-Ние со нетрпение го очекуваме настанот и сме  горди што уште еднаш ќе имаме  можност да настапиме во Битола. Нашите очекувања во контекст на атмосфера и воопшто комплетен квалитет на овој настан се  огромни, а  особено поради битолската публика која знае да ги покаже сопствените емоции во различни ситуации, весели или тажни, вели Никола Перевски – Пере од „Нокаут“.

„Нокаут“ е група која на македонската музичка сцена постои повеќе  од 20 години а  афирмирањето на македонската музика е нивен приоритет.

Организатори на овој музички спектакл се ЈК Травел“, СН Сообраќаен Центар, СН Ресторан, СН Финансии, СН Брокер.

Картите за концертот се пуштени во претпродажба на сите продажни места на Купи Карти За Се и во канцелариите на ЈК Травел во Битола, Скопје, Штип и Куманово по цена од 250 денари. Цената на влезницата на самиот концерт е 400 денари.

More from ЗабаваMore posts in Забава »