Камерниот оркестар на Битола продолжи со одличните настапи пред битолчани кои овој пат можеа да уживаат, како рекоа изведувачите, во неповторлив звук.Овој пат журката, како и изминатото лето, се случи синоќа на Ракометното игралиште, каде околи три илјади битолчани и нивни гости уживаа во “Electro symphony“.
-Ова е најспектакуларниот настан во Битола, ова лето со голем број на учесници и неповторлив звук, а воедно и најголема журка на отворено, рекоа организаторите на концертот на битолскиот камерен оркестар.
Камерниот Оркестар на Битола на “Electro symphony“ ги исполни најпознатите диско, поп, електро хитови на сите времиња.
На концертот настапија над 40 музичари, на комплетно нова сцена, со кои диригираше Владимир Димовски.
Како солисти настапија: Маги Џанаварова (Бугарија), Сара Мејс, Ели Раданова (Бугарија), Агни Авшар, Светлана Јовановска и Огнен Box Beater.
За атмосферата пред и после концертот ќе се погрижат диџеите Ile The Hair, C- pure и Berryquat.
Концертот е во рамките на БитФест 2019, а беше помогнат и од Министерството за култура и Центарот за култура на Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски

Три илјади битолчани уживаа во “Electro symphony“ на Камерниот оркестар, на ракометно (мега фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложба и публикација како резултат од креативни работилници со ученици и ментори во Битола
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија
- Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј