Press "Enter" to skip to content

Црвен крст згрижи двајца бездомници поради високите температури

По препораки на Министерството за здравство Црвениот крст од Битола има згрижено две бездомни лица, поради високите температури, за што претседателот на ОО на Црвен крст на Битола, Лилјана Ристевска рече:

-Згрижувањето на бездомните лица е по препораките што ги упати  Минстерството за здравство кои започна во понеделникот. Ние во Битола имаме две бездомни лица кои се сместени во нашите “контејнери“ за таа намена. Тие ќе останат на привремените сместувалишни капацитети на Црвен крст – Битола се додека трае топлотниот бран, односно портокалевата фаза, или до новите препораки како да се постапива со згрижените бездомни лица.