Традиционалната Бела ноќ или “Широк Сокак во бело“ оваа година ќе се одржи во два дена, првата со концерт, а втората со настап на ди-џеј.
На првата вечер, во петок, на 23 август, битолчани и гостите од другите градови ќе ги забавува Влатко Лозановски, а свој наста ќе имаат и “МАРКО ЛОГАУТ & бенд“.
Втората вечер, во сабота, на 24 август, како главна ди-џеј звезда на Широк Сокак ќе ги забавува битолчани, Акцент, од Романија, а тука ќе бидат и ди-џеите, Љубиша, Јошевски, Рикардо и Контру.