Press "Enter" to skip to content

“Купи на рати“, прва он-лајн платформа за купување производи и услуги на рати

Радојка Димитријеска – раководител на оддел за финансии во “ФД СН Финансии“, Стефан Талевски – извршен директор во “Вебиарт“ и Стефан Јончески – главен оперативен директор во “Вебиарт“, се основачите на првата македонска онлајн продавница во која можете да купувате на рати, кои одговорија не некои прашања.

Како произлезе идејата за да се направи еден ваков сајт и што е  Купи на рати?

Радојка Димитријеска: 

Брзото секојдневие кое сите го живееме ни налага сите обврски да ги завршиме на што побрз и поефективен начин. Самото разгледување по продавници како и аплицирањето во банка бара време но е и исцрпувачко, како и немањето доволно финансиски средства за да се купат повеќе работи одеднаш. Токму тоа е целта на Купи на рати. Олеснување на секојдневието, со пазарување од дома, брзо и лесно. Купи на рати е онлајн платформа која продава производи и услуги на рати.

Што нуди оваа платформа?

Стефан Јончески: 

Платформата нуди над 1.000 различни производи и услуги како бела техника, компјутери, мобилни телефони, мебел, козметички  и заболекарски услуги, туристички аранжмани, од  различни добавувачи којшто ги пласираат на овај интернет  сајт.

Што е она што платформата Купи на рати ја прави уникатна?

Радојка Димитријеска: 

Купи на рати е првата онлајн продавница каде што можете да купите производи и услуги на рати. Да ти даде некој кредит – значи да ти даде некој доверба, да верува во тебе. Некои работи во животот се преголем залак за да ги имате наеднаш, затоа раздели па плати.

Дали можете накратко да ни ја објасните постапката за нарачка на сајтот?

Стефан Талевски: 

Клиентот си го избира производот или услугата која што сака да ја купи на рати, потоа преминува на страната каде што се прикажани месечните рати и ја одбира ратата која што може да ја плаќа во месецот. Откако  ќе се изврши нарачката, нам ни пристига апликација и го контактираме потрошувачот за потрврдување и испорачување на посакуваниот производ  до оставената адреса.

Кои се условите за едно лице да може да нарача?

Радојка Димитријеска: 

Единствен услов за нарачка е клиентот да е во редовен работен однос.

Кои се бенефитите што би ги имале потрошувачите?

Стефан Јончески: 

Светот оди напред, онлајн продавниците веќе стануваат секојдневие. Со самото тоа што можете да пазарувате од било каде, првиот бенефит е заштеда на времето и на финансиските средства на нашите клиенти, како и брзо и лесно добивање на посакуваните производи. Исто така и се подобрува куповната моќ на потрошувачите. Тоа е и мотото на оваа платформа  Купи си раат, купи си на рати!

Кои се плановите на Купи на Рати во иднина?

Стефан Талевски:

Како прва он-лајн платформа за купување производи и услуги на рати на прво место го ставаме клиентот и неговите потреби.  Купи на рати во иднина  цели на подобрување на услугите и односот со клиентите, проширување на спектарот на 10.000  производи,  доближување на целиот процес на аплицирање и отплата  до сите граѓани, како и проширување на пазарот низ целата територија на државата. Се надеваме и на соработка со повеќе компании и добавувачи кои се заинтересирани да ги пласираат нивните производи на нашата платформа и истите ги охрабруваме да не контактираат.

Mission News Theme by Compete Themes.