Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ со барање до “Комуналец“ за враќање на металните обрачи за кеси

Советниците во Советото на Општина Битола Иван Чулакоски и Габриела Илиевска од граѓанската листа “Поинаку“ со посмено барање до ЈП “Комуналец“ за враќање на предмети, односно за металните обрачи за кеси.

Во барањето на “Поинаку“ до “Комуналец“ се вели:

Почитувани,

Искрено, со оглед на фактот што очекувавме дека ќе ги испочитувате законските и подзаконските прописи  бидејќи изминаа 8 дена од денот кога ги извадовте металните обрачи за кеси за собирање на ѓубре кои беа поставени во Битола, а Вие тоа не го сторивте, се одлучивме да Ви го испратиме ова барање кое ќе биде во иднина проследено и со други соодветни чекори.  

Ние како советници од Вас бараме веднаш по приемот на овој допис, да Ни ги вратите металните обрачи 47 (четириесетиседум) на број, за кои јавно преку медиуми на 06/08/2019 година преку директорот, Панде Богоевски ја известивте пошироката јавност дека сте ги тргнале од местата каде беа поставени низ Битола, бидејќи ги држите неосновано кај Вас. Апелираме до Вас добро да ги прочитате прописите на кои се повикавте и да проверите дека немате никаков основ истите да ги држите откако ги извадивте.

Исто така, бидејќи изнесовте дека во ноќта помеѓу 01 и 02 август 2019 година ги презедовте овие дејствија наводно по налог на комуналниот инспекторат при Општина Битола, бараме од Вас јавно да ја презентирате документацијата која согласно Законот за јавна чистота и Одлуката на Општина Битола од 2012 година (објавена во Службен Гласник бр.14/2012 година) треба да биде составена при преземање на вакви дејствија (Записник, фотографии, присутни лица, службени белешки, потврда за одземени предмети и останато). Исто така презентирајте и документација и доставете информација до јавноста дали е формирана комисија од Градоначалникот на Општина Битола која е должна да постапува по жалби при вакви ситуации.

Во очекување на Вашиот одговор.

Mission News Theme by Compete Themes.