Press "Enter" to skip to content

Фото вест: југо со приколка паркирано пред Општина, а на десетина метри има два бесплатни паркинга

Во големиот број на лошо и непрописно паркирани возила, кои секојдневно битолчани ги објавуваат на социјалните мрежи и медиумите, “југото“ со приколка паркирано пред општинската зграда заслужува да се најде меѓу нив.

Но, не само да се најде туку ако се прави некоја листа на фотографии за непрописно паркирање да биде на врвот на листата.

Коментарите кои беа од минувачите додека за кратко беше паркирано југото од битолчани беа нејразлични.

-На човекот кој паркирал на тротоар пред општина, пред пешачки премин, југо со приколка, а на десет метри од лево има бесплатен паркинг, за општина друг, треба да му се даде гратис паркинг карта искоментира некој.