Безусловната хуманост повторно на дело, “Ротаракт Широк Сокак“ со уште еден од низата успешни проекти во Клиничка Болница во Битола.

Во детското оделение при битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски“ реализиран е уште еден проект на Ротаракт Широк Сокак, а се работи за реновирање, разубавување на просториите во ова одделение.

Направено е цртање на ѕидните површини, a ќе прави и санација на подните површини и поставување нови плочки на подот.

Вредноста на овој зафат во Клиничката болница во Битола, е во износ од 3.000 евра, помогнато финансиски од “СН Осигурителен брокер“ и “СН Финансии“.

За оваа донација и за претходните со кои “Ротаракт Широк Сокак“ помогна во Биолницата, директорот д-р Зоран Лазаров им врачи благодарница.

За потсетување “Ротаракт Широк Сокак“ е еден од најактивните клуб организации во Општина Битола кои реализирале голем број на успешни проекти.