Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, започна со работа пред неколку месеци и поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Меѓу нив е најсовремено ЕХО на уринарен тракт со кое се дијагностицира нефротијазата. Таа е една од водечките причини за хидронефроза или трајно оштетување на бубрезите.
Д-р Васил Чипуровски ни ја објасни функцијата на ЕХО на уринарен тракт и даде струча анализа на оваа проблематика.
-Нашата ординација располага со најсовремено ехо на уринарен тракт при што конкрементите – камењата најчесто се со калциумски состав и се прикажуваат како хетерогени структури со “акустични сенки“ кои се подвижни при промена на положбата на пациентот. Нефролитијазата е една од водечките причини за настанување на хидронефроза или застој на уродинамиката и трајно оштетување на бубрезита при што има дилатација на пиелонот на уретерот, чашките и кај најтежок облик на хидронефроза и целосно оштетување на паренхимот на бубрег и атрофија на кортек, вели д-р Чипуровски и додава:-Тоа доведува и до развој на ХБИ – хронична бубрежна слабост. Камењата во бубрегот можат да бидат и причина за настанување на инфекции на мочните патишта. Пациенти кои имаат вакви проблеми можат да дојдат во нашата ординација и да направат целосни испитувања.
Врз основа на резултатите кои ни ги дава ЕХО на уринаен тракт се откриваат конкрементите камењата, се прати состојбата со што и следува медикаментозна терапија и третман со различни лекови, а по потреба и Литотрипсија на конкрементите“ .
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.