Press "Enter" to skip to content

Јошката и неговиот бенд со две хуманитарни забави за црквата “Св. Недела“

Битолчанецот, Николче Симоновски или попознат како Јошката, кое живее и работи во Перт, Австралија, летово е во Битола, а деновиве сака да реализира донаторска акција. На прашањето каква идеја има Јошката вели:

-Беше идеја, но сега е веќе пред реализација, а можеме да кажеме дека се е договорено. Се работи за тоа, јас и мојот бенд ќе одржиме два концерти, петок и сабота, на кои ќе настапиме бесплатно. Двајцата сопственици од рестораните “Путник“, каде ќе настапиме петок и “Император“ каде ќе настапиме во сабота, ќе донираат за црквата “Св. Недела“. Ние целиот бакшиш ќе го приклучиме кон таа сума, а секако и сите гости сакаме да донираат, симболично по барем едно евро или кој сака повеќе.

Парите рековте ќе бидат наменети за црквата “Св. Недела“, за точно што?

-Секој од нас има некој драг кој прерано заминал од овој свет, па и јас  членовите на бендот. При посетата на гробиштата во “Св. Недела“ не можев, а да не приметам дека тие се незаградени од долната страна. Имаме за сето ова благослов од свештениците од црквата и се надеваме дека ќе помогнеме да се направи таа ограда, да не биде така, да речам, забаталено, вели Јошката, кои интензивно работи на подготовките на концертите.

-Не сакам ова да биде само моја идеја и акција или на мојот бенд. Ние само почнавме нешто, се приклучија сопствениците на “Путник“ и “Император“, но секој кој сака да биде дел од оваа акција нека повели. Пак ќе повторам, секој имаме таму по некој свој, да направиме, кога таму се потсетуваме на нив, да се чувствуваме попријатно, упати апел Јошкта кон битолчани и секако кон иселениците кои се тука од насекаде низ светот.

More from ВестиMore posts in Вести »