Непознато лице(а) на фејсбук има(ат) отворено фан-пејџ страна “Bitola News“ и го злоупотребиле името bitolanews кое е пријавено во регистарот на електронските провајдери.
www.bitolanews.mk на фејс бук има две фан-пејџ страници и тоа: “Bitolanews Bitola“ и “Bitola news“, пред кои стои и официјалниот меморандум на порталот, кој исто така е заштитен.
Поради тоа правниот застапник на ДОЕЛ “Рафе прес“ издавач на www.bitolanews.mk го пријави случајот и ќе поднесе пријави прво до непознат сторител, а откако ќе се отрие кој го стори(л) и пријава до конктетното лице.
Поради тоа ги известуваме читателите, дека “Рафе прес“ издавач на www.bitolanews.mk, не стои зад материјалите кои се споделувани на таа фејсбук страница.
Инаку, “Рафе прес“ е издавач на www.bitolanews.mk, е ДООЕЛ регистиран во Централниот регистар во Битола според позитивните законски прописи и пријавен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Им се извинуваме на читателите кои некој ги донесол во заблуда дека читаат материјали зад кои стои редакцијата на bitolanews.mk.






