Press "Enter" to skip to content

Санација на паркингот пред салата за паркинг зона, а исполнет уште еден услов на ЕХФ (фото)

Започна санацијата на ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, кој беше во многу лоша состојба.  

Екипи на КЈП „нискоградба“ деновиве ќе го санираат просторот кој е дел од паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи.Исто така поправката на паркинг просторот беше и еден од условите на испекцијата на ЕХФ за да дозволи играше на натпревари од Лигата на шампиони и регионалната СЕХА лига, каде ќе настапува ракометната екипа на Еурофарм Работник.

Екипите на КЈП “Нискоградба“ на терен ќе вршат порамнување и асфалтирање на оштетените делови на паркингот.

More from ВестиMore posts in Вести »