Во текот на вчерашниот ден битолчанецот Н.С. (61 г.) во СВР Битола пријавил дека во ноќта меѓу 19 и 20. август непознат сторител извршил тешка кражба во негова гаража ул. “Ѓорѓи Зековски” во Битола.
Секторот за односи со јавност при СВР Битола потврди дека според пријавеното, станува збор за тешка кражба во која сторителот одзел 17 куќишта од компјутери, графички картички и други составни делови од компјутери.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.






