Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во Битола во текот на вчерашниот ден.
Во 17.39 часот на улица “Васко Карангелески“ во Битола, мопед “јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот Б.Г. од Битола удрил во пешакот 29-годишната А.С. од Битола.
Б.Г. се здобил со тешка телесна повреда, а А.С. се здобила со телесна повреда и двајцата биле пренесени во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.






