Press "Enter" to skip to content

Денот на рударите одбележан во рудникот “Суводол“ на РЕК “Битола“ (фотогалерија)

Денот на рударите, 28 август, денес на пладне беше одбележан во рудникот “Суводол“ РЕК „Битола“ на свеченост на која присуствуваа министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, генералниот директор на ЕСМ,  Васко Ковачевски и генералниот директор на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски и директорот на рудници, Денот на рударите прв им го честита поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој им посака здравје на сите рудари и вработени во РЕК “Битола“, и долги години заедно со овој празник да го слават и празникот на Пресвера Богородица. Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски честитајќи им го празникот на рударите рече дека новите технологии треба масовно да се воведуваат и во рударството, а ЕСМ и РЕК Битола имаат можност, но и должност да бидат лидери во воведувањето нови технологии и додаде:-Владината поддршка на рударите и рударството е голема и видлива и дека така ќе биде и во иднина. Во земјава има околу 100 активни рудници и тоа ја прави оваа гранка да биде еден од основните столбови во нашата економија. Со цел поддршка на рударството Владата презеде значајни чекори за подобрување на условите за работа, а во РЕК “Битола“, уште од почетокот на нашиот мандат работиме да обезбедиме одржлива и видлива иднина за комбинатот со што ќе се овозможи стабилност електроенергетскиот систем.Генералниот директор на ЕСМ,  Васко Ковачевски упати честитка по повод празникот Голема Богородица и Ден на рударите за како рече, нашите рудари, тие се тие од каде почнува производниот процес во АД ЕСМ и во нашите термоелектрани.-Јагленот е основата на производството на електрична енергија во нашите рударско-
енергетски комбинати и работата на рударите е несомнено најтешка. Сите знаеме како е да се биде во рудникот-и во лето и во зима. И не се знае кога е потешко да се извршуваат работните задачи, нагласи Ковачевски и додаде:Затоа и јас лично и раководството на компанијата и на комбинатите вложува секојдневни напори да обезбедиме услови и можности за што поефективно, побрзо, побезбедно и посовремено ископување јаглен во нашите рудници, и во РЕК “Битола“ и во РЕК “Осломеј“. РЕК “Битола“ останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава. Посветени сме на негово одржување и унапредување со цел да одговориме на потребите за електрична енергија на граѓаните и на целата држава.Директорот на РЕК “Битола“, Златко Ќурчиевски, уште еднаш нагласи дека посебно ги почитува и им во вреднува трудот на рударите и ќе продолжи со тоа иако некој и му “замеруваат“ за тоа. -Во првите 8 месеци во РЕК “Битола“ Блок-1 испорачал 699.026 мегават часови или 110 проценти од планираното, Блок-2 испорачал 858.743 мегават часа или 122 проценти од планираното и Блок-3 испорачал 672.355 мегават часа или 116 насто од планираното, информира  Вкупното производство на испорачаната електрична енергија е 2.230.124 мегават часови и е 16 насто над планираното, а ако кон ова се додадат заштедите во потрошувачката на мазут кои изнесуваат 30 проценти тогаш слободно може да се каже дека РЕК Битола има успешна производствена и инвестициско-еколошка година, нагласи Ќурчиевски.Директорот на Рудниците на РЕК “Битола“ исто така се задржа на работата на рударите во тешките услови за работа кои ги имаат и дека покрај технолошките и техничките проблеми се борат и со метеоролопките проблеми.По повод денот на рударите беа наградени 45 рудари, а двајца добија посебни плакети за нивната работа во Комбинатот. Наградени беа Ѓорѓи Сотиров за 40 години работен стаж и Симјан Талевски за 43 годишен стаж, и двајцата сега во пензија.Текст и фото: С. Ристевски