Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по сообраќајката кај Породин, две лица пренесени во болница, едно во животна опасност

Вчера било пријавено дека на патот Битола – Драгош кај с. Породин се случила сообраќајна негода помеѓу патничко моторно возило „Форд ескорд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.К. (27) од с. Крклино – битолско и патничко моторно возило “Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ш.С. (44) од с. Кишава – битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.К. и сопатникот од истото возило З.П. (45), а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.С. и сопатничка од истото возило Б.С. (44) по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а патот беше блокиран во двата правци.