Press "Enter" to skip to content

“Со ЕУ до подобро образование“, обука на наставници во село Старавина, Мариово

Здржението за европска интеграција Европска гледна точка во тек реализира уште еден проект насочен према ЕУ интеграцијата. Станува збор за проектот “Со ЕУ до подобро образование“ кој што е поддржан и финансиран од Општина Новаци. Дел од овој проект е и обука која моментално е во тек и се одвива во село Старавина, Мариово насловена како „Пишување, аплицирање и реализирање на проекти во Образовниот систем преку ЕУ фондовите“.

Оваа обука е наменета за наставниот и стучниот кадар на ОУ “Славко Лумбарковски“
од Општина Новаци. Учесниците на обуката ќе имаат прилика да слушат и научат од компетенти предавачи со долгогодишно искуство на проекти од ЕУ за можностите кои ги нудат Европските фондови во образованието, односно на обуката предавачите ќе ги запознаат учесниците со истражување и пронаоѓање активни повици, како да се пишуваат предлог проекти, како да се аплицира и во случај да има одобрен некој проект преку ЕУ фондовите како истиот да се реализира односно да се менаџира.

Во проектот е предвидено освен одржувањето на обуката да има и процес на менторирање, односно во следниот период да се аплицира заеднички предлог проекти на Европска гледна точка и ОУ “Славко Лумбарковски“, а истите да бидат подготвени од
учесниците на обуката со менторство на предавачите.