Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривична за поседување метадон и поднесок за пукање на свадба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Н. (40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.03.2019, полициски службеници при претрес во домот на пријавениот на ул. “Христо Ботев“ во Битола, пронашле и одзеле метадон.

На 01.09.2019 во полициска станица Битола е повикан Ж.А. (47), за кој е пријавено дека на 31.08.2019 околу 15.30 часот за време на свадбена свеченост на неговата ќерка пукал од пиштол. З.А. изјавил дека пукал од сигнален пиштол, кој го поседувал без дозвола. Пиштолот е одземен и во координација со ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.