Денес на прес-конференција која се одржа во СДСМ Битола, зборуваше Емилија Кострурски за завршувањето на рехабилитацијата на патот Битола-Демир Хисар, при што рече:
-Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат делницата Битола -Демир Хисар во должина од 10 километри и тоа , денес, со задоволство сакаме да и соопштиме на целата јавност. Овој зафат е со вредност од над 1 милиони евра кои беа обезбедени од светска банка.
Со градежните активности се започна во декември 2018 година, а во август оваа година делницата е комплетно завршена.
Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.
Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за сдсм и владата која ја предводи. За нас, зборот важи!“ изјави на прес-конференција Емилија Костурски од СДСМ Битола.