Press "Enter" to skip to content

Пацинетите со канцер ќе примаат терапијата во Клиничка болница – Битола

На последната седница на Владата е донесеба одлука за лекувањето на болните од рак, освен во Скопје, да се може терапијата да ја примаат и во Битола, каде ќе се основа подрачно одделение.

Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во државата, одлучи Владата на денешната седница.

Овие тешко болни кои досега беа приморани терапијата да ја примаат во Скопје, ќе можат со помалку трошоци и патување во Битола да ја примаат терапијата, што и го бараат подолг период.

Клиничката болнива веќе повеќе години се подготвува за отпочнување со лекување на овие пациненти.

 

More from ВестиMore posts in Вести »