Press "Enter" to skip to content

ИутеКредит Македонија прва финансиска институција за микрокредитирање која ќе издава Mastercard картичка

Сите нови и постоечки клиенти ќе имаат пристап до финансиски средства веднаш 24/7 од било каде

ФД ИутеКредит Македонија ќе биде првата небанкарска финансиска институција во регионот која ќе овозможи издавање на кредитна картичка од брендот Mastercard. За сите постоечки и нови клиенти тоа ќе значи поголема безбедност, брзина и комфор при користење на услугите на ИутеКредит преку поволностите кои ги нуди глобалниот лидер во финансиски услуги Mastercard.

Нашата мисија во ИутеКредит е да понудиме исклучително корисничко искуство во финансирање на физички лица, надминувајќи ги очекувањата на нашите корисници. Со можноста за издавање на Mastercard картичка за сите наши клиенти сме голем чекор понапред во остварување на истата и во подигање на стандардите во микрофинансирањето во Македонија.” – изјавуваат од ИутеКредит

Успехот е голем и за Мастеркард, имајќи во предвид дека се работи за прв проект во регионот во соработка со небанкарска финансиска институција.

„Среќни сме за соработката со ИутеКредит со цел обезбедување на нивните корисници на картички во Северна Македонија погодност, брзина и безбедност при бесконтактните и онлајн плаќања низ целиот свет каде што се прифатени картичките Mastercard. Ние во Mastercard сме посветени на соработка со fin-tech компаниите низ целиот свет како наша долгорочна стратегија, бидејќи веруваме дека заедно можеме да донесеме најиновативни финансиски решенија за потрошувачите“ – вели Вања Манова, регионален менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово од Мастеркард Европа.

Најбрзо и најкомфорно до потребните финансиски средства 24/7

Најголемата придобивка од поседувањето на картичката е брзиот пристап до финансиски средства веднаш 24/7 во земјата и во странство. Дополнително корисниците ќе можат да повлекуваат пари од банкомат, да купуваат директно во продажни места кои овозможуваат плаќање со Мастеркард картичка, како и бесконтактно да плаќаат и да купуваат безбедно на интернет.

Уникатен вертикален дизајн

Mastercard картичката од ИутеКредит е прва во Македонија со уникатен вертикален дизајн, кој ги симболизира предностите на најбрзата и најкомфорна услуга која ја нуди ИутеКредит овозможувајќи им на своите клиенти да се исправат пред финансиските предизвици и да уживаат во моментите кои им значат.

Брза апликација и издавање на картичката

Сите нови и постоечки клиенти ќе можат да аплицираат за новата Mastercard картичка од ИутеКредит со секоја нова направена апликација за потрошувачки кредит која може да биде онлајн на www.iutecredit.mk, во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во Македонија или телефонски на 13 333.

За ИутеКредит

ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија бр.13-4845/5 од 24.07.2017 година и е регистриран администратор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

За Мастеркард

Mastercard (NYSE: MA), www.mastercard.com, е технолошка компанија во глобалната индустрија за плаќања. Нивната глобална мрежа за обработка на плаќања ги поврзува потрошувачите, финансиските институции, трговците, владите и деловните активности во повеќе од 210 земји и региони во светот. Производите и решенијата од Мастеркард ги поддржуваат секојдневните активности во трговијата како шопинг, патување, водење бизнис и управување со финансии – полесно, побезбедно и поефикасно за секого.

Mission News Theme by Compete Themes.