Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се гребе стариот за нов асфалт на паркинот кај “Јавор“

Утрово градежни екипи на компанијата “Изолација“ започнаа со комплетна реконструкција на паркингот пред поранешената стоковна куќа “Јавор“.

Се гребе целиот стар асфалт, а паркингот ќе биде поставен со нов асфалт по целата површина.-Уште на самиот почеток со работа на јавното претпријатие истакнавме дека една од приоритетните цели ќе биде уредување на затворените паркиралишта со кои управува ова јавно претпријатие. За таа цел на паркинг просторот кај Стоковната куќа Јавор целосно ќе се изгреби површината и ќе биде вградена нова асфалтна маса. Паркинг просторот ке биде хоризонтално обележан согласно постоечкиот сообраќаен проект. Во наредниот период ќе се изврши осветлување на паркинг просторот“, изјави директорот на ЈППЈЛП Битола, Зоран Дојчиновски, апелирајќи до граѓаните за трепеливост за време на изведување на градежните активности, со цел навремено завршување на предвидените активности.

Екипите кои работат таму, ни рекоа дека целата работа ќе биде завршена во рекордно време, веќе се гребе стариот асфалт, а машините за асфалтирање се на самото место.

Овој паркинг е во рамките на паркинзите со кои стопанисува новото општинско јавно претријатие.