Press "Enter" to skip to content

Дневен престој и креативно изучување на странски јазици во “Лексика-Нова Битола“ (фото)

Септември, месец, кога центрите и училиштата за изучување на странски јазици ги започнуваат уписите за курсевите по странски јазици. Курсевите се интересни за родителите, децата, но и  други кандитати кои сакаат да изучуваат и посетуваат курс од странски јазик.

Го посетивме центарот “Лексика-Нова Битола“ каде пред почетокот на уписите оваа година владее позитивна атмосфера и поразговаравме со Каролина Петковска  и дел од тимот наставници кои беа во центарот и се подготвуваа за почетокот на курсевите. Тие  ни дадоа информации за текот на уписите  и курсевите и дневниот престој кој започнува со работа  во нивниот центар оваа година.-“Лексика – Нова Битола“ и оваа година подготвени за упис на кандидати  курсеви по англиски, германски, француски, италијански, грчки, албански јазик започна Каролина Петковска и додава:

-Покрај овие курсеви чии часови се најчесто попладне. Оваа година имаме новина со воведување на дневен престој за деца, ученици од 5- 10 години. Во нашиот дневен престој  родители кои се зафатени со работни обврски ќе  можат да ги донесат своите деца претпладне каде ќе бидат згрижени со едукативен пристап. Училишните деца ќе можат да ги пишуваат своите домашни задачи со наставник, по програмата на училиште. Тоа може да е многу олеснително како за ученикот така и за родителот кој не мора да го праќа на различни места своето дете на подготвувања по математика или јазик и слично. Во време кога родителите водат брз начин на живот и не можат да ги работат  домашните задачи заради обврски на работа, ќе можат да бидат смирени и задоволни дека неговото дете ќе замине подготвено на училиште. Покрај ова тука во престојот е предвидено да добијат  ужинка.  Исто така гледаме и цената да биде прифатлива за родителите“.

Стручниот тим, е комплетен и секој во својата област има подготвено програмите за  курсевите.Дијана Крстевска, наставник по англиски јазик: За подобро совладување на странскиот јазик курсевите се   изучуваат спрема нивото на познавање на јазикот почетни, напредни, подготвителни за институционални испити како TOEFL, IELTS и други по  англиски јазик. Сите курсеви се организирани во групи спрема возраста  предучилишна, училишна и курсеви за ворасни. Во  нашиот центар пристапуваме кон  креативен пристап на изучување на странскиот јазик. Часовите траат еден час во кој е вклучен 15 минути дел на слободни активности. Во тој дел кандидатите активно се вклучуваат да комуницираат меѓусебно, тука се создава таа позитивна комуникација на совладување на јазикот низ учење со и низ грешки нивна корекција од страна на професорот. Секако тоа се прави низ активности, игри и е надополнето со шеги и смеа и секој на  овие курсеви се дружи на еден посебен начин. Заради тоа  многу е важна енергијата која се воспоставува за да некој и доаѓа на начите курсеви.  Често курсевите не се само за изучување  на јазикот, туку и за дружење и развивање на позитивни чувства.  Курсевите се организирани по нивоа и може да траат повеќе месеци и кандидатите со доаѓањето се зближуваат како помеѓу себе така и со својот професор. За најмалите учеиници аудио визуелните средства кои ги имаме се најдобри алтки за запомнување на нови зборови, асоцијации. Мозокот на тој начин ги запомнува зборовите преку ситуации, активности, игри. Повеќе од 50% од новите странски зборови ги учиме од тоа што го гледаме и слушаме.Инџи Махмуди, наставник по албанси јазик: центарот нуди најразновисни курсеви за изучување на албански јазик, и со оглед на современите потреби за брзо совладување на истиот, часовите се организираат еднаш неделно по 3 часа. Се работи по најсовремени местоди кои овозмоижуваат брзо совладување на јазикот, како и способност за комуникација. Наставата се изведува во мали групи за подобра работна атмосфера, но за оние кои сакаат побрзо да напредуваат и индивидуални часови.  Програмата за и изучување на албански јазика е по учебникот на Исмаил Хамити –„ Tunajatjeta“.

Треба да споменме дека центарот за странски јазици “Лексика – Нова Битола“ е единствен застапник за регионот на Битола, Прилеп и Ресен околу организирање на специјализирани курсеви од германски јазик за медицински персонал во рамките на проектот “Германија бара медицински персонал“.Овој Проект предизвика многу голем интерес и ние како единствени застапници се трудиме тие курсеви да бидат на многу професионално ниво организирани. Германскиот јазик во последните години стана многу популарен за изучување со тоа што многу лица бараат работа и одат да работат таму. Професор по германски јазик на овој курс е  Елена Мицевска.

-Но, морам да кажам дека курсевите за другите јазици се стандардно барани и постои голем интерес за нив и наставниците Даниела Јовановска- француски јазик,  Христина Скалидис – грчки јазик и  Марина Василевска-Гечевска- италијански јазик.  Ќе ги споменам и  другите специјализирани курсеви за институционални испити за  работни или иселенички визи. Тоа се TOEFL, IELTS, University of Cambridge, Esol Examinationhs, Pearson, PTE Acaademic. Исто така сме лиценцирани за овластени судски преводи, вели Петковска и додава:

-Би ги поканила сите кои се заинтересирани за овој  начин на учење на странски јазик дека уписите се во тек, а официјално започнуваме на 16 септември, со групите кои се формирани.  Со оние групи кои се оформуваат и подоцна и се разбира во текот на цела година по потреба на кандидатите. Нашиот тим е тука за нив. На крај ни додаде Каролина и ги покани сите заинтересирани да дојдат во Центарот за странски јазици “Лексика – Нова Битола“  се наоѓа на ул. “Анести Пановски“  бр. 13 во Нова Битола.

Курсевите за странски јазик се организираат по нивоа и може да траат повеќе месеци и кандидатите со доаѓањето се зближуваат како помеѓу себе така и со својот професор, често и заради тоа  ги препорачуваат  терапевтите  за  социјална комуникација,  која  ќе допринесе  за подигање на самодовербата кај личноста.