Press "Enter" to skip to content

Фото вест: гостинскиот ракометар Бојан Спасовски, вистински џентлемен

Гостинскиот ракометар Бојан Спасовски, уште еднаш ја докажа големината на спортистите во секој поглед, а нашиот фото-објектив тоа и го фотографира.

Во финишот на натпреварот, кога се “кршеше“ резултатот, а домашната екипа беше во напад, по прекинот судиите “дадоа налог“ да се избрише подот. На паркетот притрча девојчето кои требаше да избрише, но поради повреденото колено, бавно го правеше тоа. Гостинскиот ракометар, иако Пелистер беше во напад, можеше да стои мирен и да чека да минува времето, сепак направи нешто невообичаено. Спасовски ја зеде крпата од девојчето и сам го избриша подот, со што докаже дека покрај спортист, тој е вистински џентлемен.

Со тоа тој докажа дека некои работи се поважни од резултатот, а човештината, витештвото и вниманието кон послабите треба да биде карактеристика на спортистите, но и на сите нас.