Press "Enter" to skip to content

Совети од “Плодност“: бремените жени да избегнуваат движење во загаден воздух

Харвардското школо за јавно здравје објави резултати од едно истражување кое потврдува дека загадениот воздух делува на неродените деца и дека изложеноста на бремените жени на загаден воздух посебно на честичките PM 2.5 доведува до зголемување на бројот на децата родени со синдроми од спектарот на аутизмот.

Ова истражување е спроведено низ 50 американски сојузни држави на 116 000 медицински сестри во истражувањето започнато во 1989 година.

Препораките за овој период од годината, кога загадувањето е големо, сепак остануваат кон бремените жени, тие да избегнуваат да остануваат подолго надвор, но и да ги почитуваат дадените препораки од надлежните да не одат на работа, доколку два последователни дена со ред е забележано зголемено загадување на воздухот.

More from СоветиMore posts in Совети »