Велосипедскиот клуб “15 Мај“ од Битола викендов со тројца велосипедисти учествуваше на купот во Софија, Бугарија.
Битолчанецот, Благој Марковски, член на велосипедскиот клуб “15 Мај“ викендов го освои третото место на вело купот “Куп Драг“ во Софија, во силна конкуренција.
-Одговоривме позитивно на поканата на велосипедистите од Софија и заедно со велосипедисти од Велес настапивме во Софија. Нашиот Благој Марковски го освои одличното трето место во кадетска конкуренција во силна конкуренција, што му дава поголема вредност на брознениот медал, вели тренерот Африм Јусуфи.

Благој Марковски, третопласиран на велосипедскиот куп на Софија (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар




