На Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и оваа година има сегмент посветен на најмладата публика во рамките на Јуниор програмата.
На првиот ден децата имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Дива вештерка“ на режисерот Каспар Мунк, а на проекцијата присуствуваа ученици од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Стив Наумов“.
По проекцијата, во соработка со “Битолска Млекара“ и игротеката “Чудесна земја“, беше организирана детската работилница „Нацртај го својот омилен цртан јунак“, каде децата можеа да ги изразат своите креативни идеи за омилените филмски и телевизиски јунаци.

Почна детската програма на 40. ИФФК “Браќа Манаки“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





