Битолскиот фудбалски интернационалец, напаѓачот, Марјан Алтипармаковски, потпиша нов договор, со бугарскиот второлигаш, екипата на Пирин од Благоевград.
По повредата и операцијата која ја имаше во почетокот на годинава, Алтипармаковски се враќа на фудбалските терени, а како вели со желба за ново докажување.
-Потпишав нов договог, со екипа во која ќе можам да играм и да достигнам формата која ја посакувам. Одлично ги поднесувам тренинзите, а се надевам дека ќе биде добро и на трен кога ќе постигнувам голови, ни рече Алтипарковски, пред заминувањето за Бугарија. Поминав нив цел Балкан, а еве прилика да играм и во Бугарија, вели низ смеа Алтипармаковски и додава:
-Пет месеци се опоравувам, работев напорно секој ден, со физиотерапевтот Милан Стошиќ, после операцијата заради тешката повреда со која се здобив. Се чувствувам супер и едвај чекам повторно да се вратам на терените. Ми недостасуваат фудбалот, победите и головите.
По тренизните оваа седмица и запознавање со тимот Алтипармаковски очекува деби овој викенд.
Алтипармаковски за Пирин потпиша како слободен играч, без обврски, откако претходно одработи за албанскиот прволигаш Лачи. Претходно настапуваше за Сараево (Бих), Ксанти (Грција), Интер Запрешиќ (Хрватска), Судува (Литванија).