Press "Enter" to skip to content

Кире Грбевски, основач и тренер на Топ гол: денес 10-ти роденден, поминавме многу убави, но и горки моменти

Денес, 30 септември,  фудбалскиот клуб Топ Гол од Битола го слави својот јубилеен 10-ти роденден. Иако претходно Топ гол половина година работешеше како фудбалска секција на празникот Вера, Надеж, Љубов и Св. Софија стана официјален правен субјект кој е легитимно регистриран во сите институции на државата. Негов претседател е проф. Кире Грбевски кој во кратки црти ни раскажа за почетоците и растот на Топ гол:

-Во Битола од секогаш имаше традиција за женски фудбал, но пред 10 години во тој период немаше активност за женски фудбал, а следејки ги модерните трендови за развој на женскиот фудбал се одлучив да формирам женска екипа. Не беше лесно да се соберат девојки да тренираат, а уште повеќе да се убедат родителите дека во светот се игра и женски фудбал. Со многу потсмев и недоверба се среќавав кога ја презентирав оваа идеја. Сакам да упатам и голема благодарност до спортските работници Цане Грбевски, Вангел Христов, Љубиша Стојановски, Сашо Ристевски и моите најблиски за помошта во формирањето на Топ гол.Кои се вашите најголеми успеси до сега?

-Нормално во 10 години имаме поминавме многу убави но и горки моменти, се радувам што некои работи ги направивме за историја како што е првиот официјален фудбалски натпревар под рефлектори во МФЛ за жени и во градот Битола е нашиот натпревар на “Павел Шатев“ против поранешна Победа, кој го добивме со 1:0. Се радувам на финалето на Куп на Македонија во сезоната 2016 година. Огромен успех е 4 пати да си младински шампион на Македонија. Ние сме фабрика за фудбалерки и од нашиот клуб имаме огромен број на селектирани репрезентативки, а момнтално во секој втор женски клуб има играчи кои потекнуваат од Топ гол. Се уште имаме проблеми со родовата еднаквост и истиот третман со машките.

Покрај женскиот дел активни сте и во машките младински натпреварувања со колку категории се натпреварувате?

-Топ гол моментално активно се натпреварува во 4 натпреварувања со повеќе млади категории. Наша цел со машкиот дел е да создадеме играчи кои ќе бидат идни носители на играта во поголемите клубови кај нас и надвор. Стрпливи сме со нив, со многу работа и стабилен спонзор ќе бидиме задоволни и во иднина да оформиме и сениорска екипа.Кои се вашите идни подолгорочни планови?

-Наша најголема цел е да придонесиме колку што е можно повеќе деца да спортуваат односно да играат фудбал. Покрај спортисти ние големо вниманите посветуваме и во едукацијата на тренерите и родителите за го подобриме тренажниот и натпреварувачки процес. Соработката со институциите, училиштата, фудбалските клубови кај нас да ја преточиме во создавање на повисоко ниво на спорт во градот. Што се однесува до фудбалскиот елемент да продолжиме со ова темпо и многу труд да донесиме шампионска титула во градот.

Топ гол сега е вистински спортски бренд од Битола низ кој тренирале и тренираат огромен број на фудбалерки и фудбалери. Топ гол прераснува во успешна спортска приказна на нашиот град кој заслужува поголемо внимание и поддршка од сите.

Ж.Ристевска

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »
Mission News Theme by Compete Themes.