Press "Enter" to skip to content

Презентација на Чивнинг стипендии на британската влада во библиотеката

Во среда на 2 октомври со почеток од 12.30 часот во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи презентација за Чивнинг стипендии поддржани од страна на Британската влада.

Презентацијата ќе ја одржи претставник од Британската амбасада во Скопје и сите кои се заинтересирани за едногодишни постдипломски студии на било кој универзитет во Британија ќе можат да добијат повеќе информации за стипендијата.

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на било кој британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.
Во периодот од 5 август до 5 ноември 2019 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2020/2021 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.

Чивнинг програмата постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот. На глобално ниво има над 50 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.
Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи.
Во земјата имаме одлична мрежа за поранешните стипендисти на Чивнинг којашто е разновидна група двигатели на позитивни промени што работат во различни области: на универзитетите, во јавниот и во приватниот сектор, во невладини организации и во центри за стратешко размислување.

Тие го применуваат своето знаење стекнато во Обединетото Кралство работејќи во својата земја на важни области: родова еднаквост, човекови права, економија, финансии, животна средина, право, бизнис, медиуми, дигитална безбедност, иновации, јавни политики, граѓанско општество, младина итн.

За учебната година 2020/2021 на глобално ниво ќе се доделат над 1.500 Чивнинг стипендии. Овие стипендии се значајна инвестиција од Британската влада за развојот на идните генерации на глобални лидери. Оваа година испративме 7 Чивнинг стипендисти кои ќе студираат компаративна политика; родова еднаквост, насилство и конфликт; филмска постпродукција; менаџирање во здравствената заштита и јавни политики.

Критериуми за аплицирање

– Да имате македонско државјанство
– Да сакате да се вратите во земјата по завршување на стипендијата и да придонесете со своето знаење локално
– Да имате завршено високо образование т.е да поседувате универзитетска диплома за да можете да се запишете на постдипломски студии
– ДА имате барем две години работно искуство ( привремено, цело и волонтирање)
– Да аплицирате на барем 3 различни универзитети и програмиу и да добиете безусловна понуда од еден од универзитетите т.е да ги исплоните критериумите за запишување на селектираниот универзитет најдоцна до 16 јули 2020 година
– Да имате потврда за положен тест по англиски јазик (ИЕЛТС, ТОЕФЕЛ) до 16 јули 2020 година

More from ВестиMore posts in Вести »