Press "Enter" to skip to content

Младите кошаркари на Младост победници на турнирот во Кавадарци (фото)

Кошаркарскиот клуб Младост учествуваше на кошаркарскиот  турнир “Basket 4  kids“ кој се одигра во спортската сала “Јасмин“ во Кавадарци, а во организација на ТВ спорт клубот.
 
На турнирот Младост играше со две екипи на момчиња и девојчиња родени 2007 година и помлади.
 
Момчињата од КК Младост одиграа два натпревари во групната фаза и финалниот натпревар со победникот од другата група. Во финалето ја победија екипата на Прима Баскет од Гевлелија со резултат 35:23. Во групната фаза прво ја победија екипата на Спортисимо од Кавадарци со 41:31, а потоа и екипата на Јуниор од Битола со 38:10.
Девојчињата одиграа еден натпревар против нивните врсници од екипата на Струга, во кој беа поразени со резултат 9:11.
 
-Во оваа возраст не е битен резултатот колку што е важно за младите кошаркари да го стекнуваат потребното искуство и совладувањето на основите техники на кошарката, но младите момчиња добро одиграа на три натпревари, кои мора да споменеме дека се одиграа во еден ден, за на крај заслучено да се радуваат, вели тренерот Горјан Стојановски.
More from СпортMore posts in Спорт »