Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер в недела против швајцарски Винтентур во ЕХФ купот

По прескокнувањето на првото коло од ЕХФ купот, екипата на ракометниот клуб во недела ќе го игра првиот натпревар од второто коло, против екипата на швајцарски Винтертур.

“Пелистерци“ со автобус, вчера, заминаа за Швајцарија, а натпреварот ќе се игра в недела со почеток со 17 часот.

Но, во тимот на Александар Зарков, ќе ги нема двајцата поискусни ракометари, повредениот бек, Стефан Дрогришки и повратникот во клубот Игор Тајковски. Дрогришки поради повредата на рамото која ја има од стартот се сезоната, а Трајковски поради прописите на ЕФХ, бидејќи беше пријавен на стартот на сезоната како ракометар на Струга.

Реванш средбата во Битола е закажана за на 12 октомври со почеток од 19:00 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“.

More from СпортMore posts in Спорт »