Press "Enter" to skip to content

Татјана Крнчева, советник од СДСМ: згрижени 27 деца од Домот за доенчиња и мали деца со 24 часовна грижа

По згрижувањето на децата до три години од Домот за доенчиња и мали деца од Битола, во мали групни домови, прес-конференција одржа советничката од редовите на СДСМ која рече:

-Ниту едно дете нема повеќе да биде институционализирано! Продолжуваме да се грижиме посветено и со љубов за секое дете! Ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институциите во Северна Македонија. Со отворањето на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на “Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом. Во моментов се згрижени 27 деца и за нив 24 часовна грижа и поддршка ќе обезбедуваат 30 негуватели и 4 стручни работници.

Ниту едно лице не остана без работа, туку напротив бројот на вработени ќе се зголемува. Овој облик на грижа не значи само поквалитетни просторни и физички услови во кои живеат децата. Уште посуштински, работата во групниот дом ќе им овозможи на колегите индивидуален пристап кон секое дете, согласно со неговите желби и потреби. Личната интензивна интеракција и посветеноста на вработените ќе го поттикнат развојот и растот на нашите деца и ќе им обезбедат еднаква основа за успех во животот, како на сите други деца кои растат во семејна средина.

Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионален Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита.

Со последите 5 мали групни домови во Битола во Северна Македонија се отворени вкупно 17 мали групни домови. СДСМ продолжува да се грижи и посветено да работи. На прав пат сме!

More from ВестиMore posts in Вести »