Битола ми е во крвта и мојата љубов кон неа им ја пренесов на моите синови и внуци, бидејќи секаде прошетав, ама неа никаде не ја препознав. Една и единствена… Битола мај 2020, ќе биде домаќин на најграндиозен и најраспеан поетски фестивал од светски ранг.Од 26- 29 септември Белград беше центар на културна соработка на поети од сите страни на светот кои зедоа учество на првиот Меѓународен фестивал на ромска поезија на кој нашата битолчанка, Гордана Такец, се закити со награда за животно дело, покрај другите признанија и награди кој ги доби. Фондацијата “Димитар Димитровски – Такец“ со претседателот Гордана Такец заедно со поетска делегација од 22 поети автори од нашата држава зедоа учество на овој фестивал. На фестивалот беше промовирана поетската антологија “Где Сава љуби Дунав“ и 84 автори со по три песни во неа, меѓу кои и поети на современа македонска поезија кои учествуваа на фестивалот.
Уште на почетокот на разговорот многу емоции и чувства со солзи во очите ни започна разговорот со Гордана која наградата за животно дело ја прослави заедно со својот 70 роденден во тие денови на фестивалот на интересен начин, заедно со еден од модераторите на фестивалот Лидија Маловиќ. Со возбуден глас ни рече:
-Тоа што го доживеав во Белград е целосна катарза на душата, и сега сум друга личност, со поинаков поглед на светот. Сега верувам дека има многу добри, прекрасни луѓе, создадов нови пријателства, но и едно побратимување кое ќе се случи во Битола во мај кога и се планира да се одржи фестивал на поезија во нашата убава Битола… ветувам ќе биде најграндиозен и најраспеан поетски фестивал од светски ранг, и продолжи:
-После Белград секогаш во мене е пролет… и секогаш ќе ги помнам случувањата за кои и во најубавите соништа не можав да помислам дека токму мене ќе ми се случат… тродневно прекрасно , културно уметничко дружење, соработка, фестивал со низа поетски перформанси за душа кои можеа да го расплачат и најтврдокорното срце… убави луѓе од сите краишта на светот но најповеќе од некогашните Ју простори кои секако се уште ни се блиски и по менталитет, емоции и чувства. Со мене понесов делегација од 22 поети на современа македонска поезија афирмирани, но и неафирмирани. Таму ја претставивме нашата земја со песна на организираната македонска вечер, со развиорени македонски знамиња и ширење културна соработка и стекнавме доживотни пријателства. Отидовме, видовме се вративмне збогатени со 22 симболи на братска љубов, респект и награди.
Македонската поетска делегација моќно и гордо го разлеа поетскиот македонски глас кој три дена одекнуваше низ братскиот Белград. Кажете ни повеќе за овој фестивал и тоа што се случуваше тие денови во Белград ?
-Фестивалот беше организиран со подршка на претседателот Александар Вучиќ и Министерсво за култура на Р. Србија. Организатори беа Ромското здружение на Р. Србија на чело со претседателот Златомир Јовановиќ. Здружението “Месопотамија“ од Ирак, италијанска издавачка куќа и Фондацијата “Д.Д.Такец“. Фестивалот имаше импозантно отварање под раководсво на Златомир Јовановиќ кој беше органиозатор и домаќин. Потоа би ја споменала Лидија Маловиќ која беспрекорно врвна и со својата професионалност и богата поетска душа му даде посебен шмек и имиџ на фестивалот. Тоа беше една прекрасна манифестиција со поетски перформанси која се реализираше на повеќе места низ убавиот Белград и тоа во Римската Дворана, Градската библиотека, наградите беа доделени во Клубот на пратеници на Дедење. Невидена убавина која долго ќе се памети, а јас со нашата поетската делегација бевме дел од сето тоа.“Успехот е процес. Не е случување, на него треба да се работи, да се вложи. Некогаш изостанува…“ Ваши зборови искрено кажани, но Вашиот успех не изостана, тука е награда за животно дело покрај другите признанија и медал.
-Наградата за животно дело вистински ме изненади… Кога низ салата на Kлубот на пратениците одекна гласот на Златомир Јовановиќ и моето име… тоа е моментот кој само еднаш може да ти се случи во животот. Тоа беше мојот драгоцен момент од животот. Низ солзи им се заблагодарив на сите, посебно стручното жири меѓу кои беше и поетот Бан Моравски. Потоа на Лидија Маловиќ со која заедно прославивме родендени. Ние како две ваги, родени на блиски датуми 25 и 26 септенври ни приредија изненадување и торта заедно да ги прославивме нашите родендени на 28, мојот јубилеен во Клубот на пратеници на Дедиње. Неповторлива атмосфера и честитки од сите. Можам да кажам дека се она што се случуваше ми делуваше како многу убав сон… затоа и кажав нема никогаш да ги заборавам деновите на Фестивалот.Фондацијата “Димитар Димитровски – Такец“ додели специјални награди на личности писатели и поети. Вие како член на стручно жири заедно со босанскиот поет, Борисав Бан Моравски, на вториот фестивалски ден ги доделивте наградите и пригодни подароци, уметнички слики со потпис “Со многу љубов од Битола“.
-Нашата фондација додели специјални награди за безвременски роман на Златомир Јовановиќ, книжевни, поет, интелектуалец во вистинска смисла на зборот кој се занимава со научни работа, превод на библијата на ромски јазик, претседател е на ромското здружание во р Србија. Потоа на Лидија Маловиќ, Ана Смилјаниќ, Божица Велоусис и на Борисав Бан Моравски.
Покрај наградите им беа дадени и уметнички слики од еминентни сликари кои беа сопствеништво на мојот татко, но сметам дека се сега во прави раце. Пораката беше “Со љубов од Битола“.Во кафулето “Радост“ беше организирана вечер на доделување посебни признанија на поетите кои беа дел од поетската делегација на првиот Меѓународен фастивал на ромска поезија?
-На 4 октомври во кафулето “Радост“ повторно се собравме за да ја споделиме радоста и убавите спомени и впечатоци од патувањето во Белград и учество на поетскиот фестивал. Повод беше и доделување на посебни признанија од Фондацијата “Д. Д.Такец“ за успехот кој го постигнаа учествувајќи како најбројна поетска делегација на првиот меѓународен фестивал на поезија. Македонската делегација со 22 поети достојно ја претставија нашата земја со пишувана мисла на мајчин јазик и сметам дека тие се нашите амбасадори на убавиот македонски јазик, македонската запишана мисла која преку пишуваниот збор, се пренесува надалеку. Нашите поети на овој поетски фестивал се претставија со свои песни на автентичан македонски јазик кои се најдоа на антологијата “Где Сава љуби Дунав“меѓу другите поети од цел свет.Идни планови
-Планови многу. Најпрво она што ми предстои големиот октомвриски Меѓународен саем на книгата кој ќе се одржува во Белград, а започнува на 20 октомври и ќе трае неколку денови. Директор на овој саем е почитиваната Г-ѓа Лидија Маловиќ. На него ќе бидат изложени преку 6.400.000 изданија. Меѓу нив ќе има штанд со македонски изданија на кој ќе бидат изложени мои 26 книги. Во февруари патување во Италија. Во Битола мај 2020… Домаќин на најграндиозен и најраспеан поетски фестивал од светски ранг. Во Битола бидејќи таа ми е во крвта и мојата љубов кон неа им ја пренесов на моите синови и внуци, бидејќи секад прошетав, ама неа никаде не ја препознав. Една и единствена. Се разбира за сите овие планови, настани ќе бидете известени и јавноста ќе се информира преку вашиот медиум. На крај во свој стил додаде:
-Ве чекам во мај 2020 сите вие од Италија, Србија, Ирак, Босна, Хрватска и сите од Македонија, од сите земји од целиот свет, заедно да бидеме оние кои ќе запалат нов факел на братска и пријателска љубов. Сега поезијата нека биде поле на културна соработка меѓу народите и зборовите на Гоце Делчев станат наша реалност. Сите ние како учесници со нови сили да создадеме традиција, да шириме љубов, бидејќи само таа оплеменува.
Жанета Ристевска