Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 42 пијани возачи исклучени од сообраќај викендов

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот (04, 05, 06) октомври извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека под дејство на алкохол управувале 42 возачи, кои биле исклучени од сообраќај, 34 возачи управувале возило без возачка дозвола, 14возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 66 возачи, четири возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.

За сите прекршоци изречени се соодветни казни.