Press "Enter" to skip to content

Реми на ракометарите на Пелистер против Пролет (фотогалерија)

Пелистер – Пролет 23:23 (8:9)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Пелистер: Ристевски, О. Вардовски, Трајковски 1, Блажевски, Петровски 10, В. Димитровски, Митревски, Мандиќ 1, И. Димитровски 1, Јовановски, Ф. Вардовски, Илиев, Магденовки, Талевски 10, Апостоловски, Буторац.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 14 мин.

Пролет: Кизиќ, Коруновски, Кристо, Василевски 2, Аларов, Поповски 4, Давитковски, Матовски, Манев, Додевски, Андоновски 8, Џонов 6, Мајнов 3, Дамчевски, Блажевски, Стојановски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 14 мин.Во последниот натпревар од четвртото коло на Суперлигата, екипата на Пелистер одигра реми на домашен терен против Пролет, во натпревар во кој гостинската екипа добро започна и направи водство од 1:6. По тајм-аутот на тренерот на Пелистер, Александар Зарков, некаде на средината на на полувремето беше -2 за Пролет, 5:7. До крајот на полувремето стигнаа до -1, а ако ја искористеа последната акција ќе беше нерешено.Второто полувреме започна како и првото, а Пролет стигна повторно на +5, за да во завршницата во последните 10 минути, Пелистер влезе со -2 (18:20), по што следуваше возбудливата завршница. “Пелистерци“ промашија два пенали, но од пенал на само шест секунди до крајот израмнија на 23:23 за голем бод за оваа млада екипа.Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Талевски и Петровски со по десет гола.Тренерот на Пелистер, Александар Зарков по првото реми во Битола рече:-Сакам да ги пофалам моите момци за залагањето. По тешкиот пат и напорите во Швајцарија, дадоа 150% на овој натпревар. Побарав од нив денес да дадам што имаат од себе, бидејќи бод од овој дуел многу ни значи. Верувам дека битолската публика тоа ќе го препознаа и ќе ги поздрави и в сабота на реваншот против Винтертур.Пелистер в сабота во игра реваншот од средбата од 2. коло против екипата на Винтентур.

 

Mission News Theme by Compete Themes.