Откако пред две недели на претседателите на урбаните и месните заедници им беа дадени насоки за подготовка на приоритетните проекти, тие ги претставија своите барања на средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Претседателите на средбата издвоија по три приоритетни проекти за сопствената урбана и месна заедница, а градоначалничката Петровска им ги предочи реализираните, тековните и проектите кои што се предвидени за реализација од страна на општината во наредниот период, со цел да се направи надополнување со предлозите за натамошните активности.

Урбаните и месните заедници со приритетни проблеми пред градоначалничката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





