Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнати две деца во Велушина, вчера 14 возачи “фатени“ без возачка

На 23 октомври во Полициското одделение Велушина, Ј.Л. пријавил дека во с. Граешница физички биле нападнати неговите две деца од лицето В.Л. (37) од с. Граешница. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 23 октомври извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 14 возачи управувале возило без возачка дозвола, брзината ја надминале 12 возачи, осум возила биле нерегистрирани, осум возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите прекршоци издадени се соодветни платни налози.