На 24.10.2019 во 17.00 часот во СВР Битола, 33-годишна жена од Битола пријавила дека околу 16.00 часот кај населба Баир две малолетни лица извршиле обљуба врз нејзиниот малолетен син. За настанот биле известени Јавен обвинител, социјален работник и над детето бил извршен преглед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24 октомври во СВР Битола, 41-годишна жена од Битола пријавила дека во периодот од 15 до 24.10.2019 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се работи на рачистување на настанот.
На 24 октомври во СВР Битола, П.Д. (43) од Битола пријавил дека неговиот 14 – годишен син на улица “Сремска Митровица” во Битола бил повреден со остар предмет од 15-годишен малолетник. Се преземаат мерки за рачистување на настанот.
На 24.10.2019 во 21.14 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Бадембалари“ настанал пожар во кој горела сува трева. Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола излегла на местото, но при интервенцијата биле попречувани од неколку лица. Во 23.30 часот пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






