На 25.10.2019 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. “Довлеџик“ во Битола од слобода ги лишиле К.Т., Б.П., Н.С. и Ѓ.З., сите од Битола, поради тоа што на наведената улица физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејства.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР Битола, кое го испрати портпаролот, Сања Стаматова.






