Press "Enter" to skip to content

Скрининг на ЕХО на дојка за жените вработени во ЈП “Водовод“

Јавното комунално претпријатие “Водовод“ од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка.

Денес, директорот на ЈЗУ Клиничка Болница Битола – д-р Зоран Лазаров и директорот на КЈП “Водовод“ – Горан Козаров се договорија за взаемна соработка, а според договореното првите прегледи на жените вработени во ова наше јавно претријатие ќе започнат од понеделник, 11 ноември.

Околу 50 жени вработени во “Водовод“ ќе направат бесплатен скрининг на ЕХО и мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.

Прегледите ќе се вршат со најсовремена дијагностичка опрема, мамограф за скининг на карцином на дојка, односно сега на едно место има најсовремен мамограф, магнетна резнонанса и ехо дијагностика.