Press "Enter" to skip to content

Mладите правници  од УКЛО со практични знаење се обучуваат од областа за човековите права (фото)

Францускиот експерт Бонтер  порача: најмногу треба да се работи за човековите права  за одново да го создадаваме  чувството на мир во светот.

Во рамки на стручната франкофонска обука на тема: „Европскиот суд за човекови права: идни предизвици и тенденции“   одржани се повеќе тематски и трениг обуки за најактуелните современи преизвици со човековите права.Дебатиите за правото на живот и забрана на мачење од страна на експертот Себастијан Ботро-Бонтеркај студентската популација на УКЛО предизвикаа посебен интерес зашто според него студентите со интересот ја демонстрирале сбвесни и ја согледуваат потребата дека треба да се оди подалеку во овие обасти, особено денес, во овој 21 век, којшто како и другите пред него не е лишен од  свои предизвици. Тој вели дека: “и во 21 век исто така сме сведоци дека се случиваат страшни работи, и во овој век, сведочиме дека имаме се поголема омраза во светот. Но, треба да бидеме свесни дека сите ние треба да работиме на спасување на човештвото и најмногу треба да се работи за човековите права  за одново да го создадаваме  чувството на мир во светот.-Досега имав можност да работам долги години во областа на човековите права во образованието, особено затоа што до пред пет години работев како аташе за соработка во амбасадата на Франција. Долго време соработувам со Правниот факултет и во Битола работевме и на повеќе историски аспекти, а во моментот сум советник на премиерот на Албанија за прашања кои третираат проблеми со администрацијата. Од вчера работиме со студентите на два различни аспекти: правото на живот и нехуман третман со луѓето. Имаме можност да разговараме, не смо за правилата, нормите и луѓето, туку и да ги поттикнеме на дабата и размислување. Ги поттикнуваме на тоа, не само да слушаат туку и да се вклучат активно во дебата и тоа да го осознаваат на француски јазик.Студентите и наставниот кадар од Правниот факултет дебатираа и на теми поврзани со правото на слобода и безбедност и правото на почитување на приватниот и семејниот живот што беа дел од темите на обуката која од 4 – 9 ноември 2019 година се одвива на Правниот факултет, единица на УКЛО.  

Меѓу предавачите и обучувачи во школата, покрај експертот, Себастијан Ботро Бонтер учество зеде и Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур и академски кадри од Правниот факултет: д-р Ангелина Станојоска, д-р Мирјана Ристовска и д-р Милена Касапоска-Чадловска.Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ не го крие задоволството дека школата претставува силен пробив во меѓународни рамки за Правниот факултет којшто во директна соработка со УКЛО и Универзитетската франкофонска агенција дадоа силна поддршка за проектот. Интересот кај студентите, наставниот кадар и јавноста за прашања како што се човековите права му дава за право да верува дека проектот ќе прерасне во тадиционален  бидејќи надградбата на знаењето на студентите по право од областа на човековите права, добива  и практичен контекст во насока на подобро запознавање на студентите со правилата на постапката пред Европскиот суд за човекови права и начините за заштита на фундаменталните права загарантирани со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

Според резимето на Проектот, основната  цел  на обуката е во функција на стекнување на теоретско и пред сè практично знаење од страна на млади правници кои во иднина би биле дел од правосудниот систем на нашата држава.

Со тоа нашата држава би располагала со обучени правници од областа на човековите права и особено за исполнување на меѓународните стандарди во областа на човековите права како едни од најважните бидејќи претставуваат основни критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество и во светот како човечка целина.